Воскресение Христово – Велигден
На 12 април 2026 година, кога Светата Православна Црква го прослави најторжествениот празник, празникот над празниците, Воскресението Христово – Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, го донесе Благодатниот оган во Брегалничката Епархија, изврши литија и го поздрави многубројниот верен народ со најрадосниот поздрав “ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!” Потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Воскресна утрена богослужба и Пасхална Света Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

