Недела Петта на Великиот Пост (на Света Марија Египетска) во Пробиштип
На 29 март 2026 година, Недела Петта на Великиот Пост (на Света Марија Египетска), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Пробиштип. Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион во чин чтец ги произведе г. Зоран Моневски и г. Слободан Димитровски од Пробиштип, зографи и членови на црковниот хор, а на крајот од Божествената Литургија одржа пригодна беседа.

