Недела на блудниот син Света Архиерејска Литургија во Лесново
На 08 февруари 2026 година, Недела на блудниот син, св. Јосиф Солунски, преп. Ксенофонт и Марија со чедата; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. На крајот од Божествената Литургија, со благослов од Митрополитот г. Иларион, Игуменот на Лесновската света обител о.Исак одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

