Света Архиерејска Литургија и храмова слава во с. Оризари – Кочани
На 31 јануари 2026 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на св. Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. Атанасиј Велики” во с. Оризари – Кочани. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. А по завршувањето на Светата Литургија, се изврши литија околу храмот со иконата на св. Атанасиј Велики, а потоа Митрополитот изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

