Недела 28-ма по Педесетница, Света Архиерејска Литургија во Лесново
На 21 декември 2025 година, Недела 28-ма по Педесетница, св. ап-ли Состен, Аполос и др., преп. Патапиј Тиваидски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на протоереј-ставрофор Александар Димоски од Дебарско-кичевската епархија и Игуменот на Лесновската обител о. Исак, во Лесновскиот манастир. Пред почетокот на Светата Литургија, верници од Дебарско-кичевската епархија со протоереј-ставрофорот Александар Димоски донесоа икона од Светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, да се освети и прими благослов од неговите свети и чудотворни мошти. А од денес оваа света икона ќе се чува во храмот “Воведение на Пресвета Богородица” во н. Рача во Охрид, како духовна поткрепа на сите верни чеда кои притекнуваат кон неа, барајќи утеха, исцеление и надеж.

