Света Архиерејска Литургија во манастирот Св. Прохор Пчињски
На 01 ноември 2025 година, кога се прославува споменот на преподобниот Прохор Пчињски, на покана од надлежниот епархиски Архиереј, Митрополитот Врањски г. Пахомиј – СПЦ, а по повод храмовата слава на манастирот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија која беше отслужена во манастирот “Св. Прохор Пчињски”. На Божествената Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Шумадиски г. Јован, а сослужуваа надлежниот Митрополит Врањски г. Пахомиј, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, Епископот Дремвитски г. Давид, Епископот Новобрдски г. Иларион, Хиландарскиот игумен Методиј и бројно монаштво и свештенство . На крајот од Светата Литургија беше благословен и пресечен славскиот колач.

