Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе
На 09 октомври 2025 година, упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов, преп. Нил Калабриски, а воедно и четиригодишнина од осветувањето на храмот посветен на Светата Лидија Македонска; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители на МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. На Светата Литургија боговдахновена и пригодна беседа одржа Епископот г. Марко. А по Божествената Литургија, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

