Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Света Архиерејска Литургија во Радовиш
На 27 септември 2025 година, кога го чествуваме празникот Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Пророк Илија” во Радовиш. Пред почетокот на Божествената Литургија Митрополитот го изврши чинот на изнесување на Чесниот Крст и го постави на средината од храмот на поклонение, каде што најнапред Митрополитот г. Иларион се поклони на Чесниот Крст, а потоа се поклонија свештенослужителите и верниот народ. На крајот од Литургијата, Митрополитот одржа пригодна беседа.

