Освет на камен темелник за изградба на Дом за стари лица во Зрновци
На 21 септември 2025 година, на денот кога го чествуваме споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на камен темелник за изградба на Дом за стари лица во општина Зрновци, инвестиција на фирмата Еко Пак Хит од Кочани. На осветот присуствуваше Премиерот на Р. Македонија, г. Христијан Мицкоски, градоначалникот на општина Зрновци г. Борчо Коцев, претставници ма фирмата Еко Пак Хит и многуброен народ. Нека е честито и од Бога благословено!

