Света Архиерејска Литургија на Пониква
На 31 август 2025 година, Недела 12-та по Педесетница, преп. Јован Рилски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во манастирот “Св. Василиј Велики” на Пониква – Осоговските Планини. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. По Литургијата Митрополитот г. Иларион изврши освет на новата Трпезарија при манастирот “Св. Василиј Велики” на Пониква.

