На празникот Преображение Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип
На 19 август 2025 година кога Светата Православна Црква го празнува празникот Преображение на Господ Исус Христос на гората Тавор, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Божествената Литургија, со благослов од Митрополитот г. Иларион, пригодна беседа одржа протоереј-ставрофор Горан Ангелов, Архиерејски намесник на виничкото намесништво, а Митрополитот го благослови новиот лозов плод.

