Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир Св. Спиридон
На 21 јули 2025 година, кога се прославува споменот на светиот великомаченик Прокопиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир “Св. Спиридон Чудотворец” во Злетово, метох на Лесновскиот Манастир. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

