Света Архиерејска Литургија во Виница
На 15.06.2025 година, Недела Прва по Педесетница( Сите светии); св.Еразмо Охрид; преп.мч-чка Стефанида, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија, во храмот “Св. Ап. и Ев. Лука” во Виница. Пред почетокот на Божествената Литургијата во чин чтец беше произведен богословот Аврам Ангелов од Виница. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион,одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

