На Сретение на Господ Исус Христос Света Архиерејска Литургија во Књажевац
На 15 февруари 2025 година на празникот Сретение на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, по повод славата на Тимочката епархија и 190 години од изградбата на књажевечкиот храм, чиноначалствуваше на Светата Архиерејска Литургија, во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Нишки г. Арсениј, надлежниот Архијереј, Високопреосвештениот Митрополит Тимочки г. Иларион и свештенослужители на СПЦ, во присуство на многуброен верен народ, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Књажевац, Србија. По заамвоната молитва, Архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб. А по завршувањето на Божествената Литургија присуствуваа и на духовната академија во Домот на културата во Књажевац.

