Митрополитот Берлински и Германски г. Марко во посета на Лесновскиот манастир
На 11 февруари 2025 година, во посета на Лесновската света обител дојде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Берлински и Германски г. Марко од Руската Православна Задгранична Црква со поголема група на поклоници. Митрополитот беше срдечно пречекан од надлежниот епархиски Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кои потоа имаа заедничка трпеза на љубовта.

