Одбележана 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
На 04 февруари 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион по повод одбележувањето на 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев присуствуваше на прославата пред Ректоратот на УГД во Ново Село, Штип. На прославата присуствуваше и Претседателката на Р. Македонија г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова, Ректорот на УГД проф. д-р Дејан Мираковски, градоначалникот на Штип г. Иван Јорданов, пратеници од Собранието на Р. Македонија и повеќе делегации.

