Празнична вечерна богослужба во Лесновскиот Манастир
На 27 јануари 2025 година, во навечерието на празникот на преподобниот Гаврил Лесновски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на протосингелот Исак и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Празнична вечерна богослужба во Лесновскиот Манастир. На крајот од вечерната Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

