Осветен новоизградениот параклис “Св. Јован Крстител” во Кочани
На 19 јануари 2025 лето Господово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Св. Јован Крстител” во Кочани. Параклисот е ктиторско дело на г. Ѓорѓи Горгиевски и компанијата “Деликатес” од Кочани. Нека е честито и од Бога благословено!

