Празнична вечерна во женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон”
На 14 јануари 2025 година, во навечерието на празникот на преп. Серафим Саровски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба, во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско Намесништво, во параклисот посветен на “Св. Серафим Саровски и Св. Нектариј Егински” при женскиот манастир “Св. Вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј – Кочанско. На вечерната богослужба Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

