Празнична Вечерна Богослужба во женскиот манастир “Св. Спиридон” с. Злетово
На 13 Октомври 2024 година, во навечерието на празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во параклисот “Покров на Пресвета Богородица” при женскиот манастир “Св. Спиридон” во с. Злетово. На крајот од Вечерната, Митрополитот го благослови и пресече петолебието.

