Торжествено прославен празникот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје
На 21 септември 2024 година, кога се прославува празникот на раѓањето на Пресвета Богородица, беше отслужена празнична божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. На Литургијата началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и Епископот Хераклејски г. Климент. Сослужуваа и: Хиландарскиот игумен архимандрит Методиј, јеромонах Нектариј од светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Сергеј од Новограчаничко-средноамериканска епархија на Српската Црква, игумен Павле од Захумско-Херцеговската епархија на Српската Црква и јеромонах Роман од Острошкиот манастир во Црна Гора.

