Света Архиерејска Литургија во Македонската Православна Црква “Св. Злата Мегленска” во Загреб, Хрватска
На 15.09.2024 година, Недела 12-та по Педесетница, св. мч. Мамант, св. Јован Постник; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, со благослов од Надлежниот Епархиски Архиереј, Митрополитот Европски г. Пимен, отслужи Света Архиерејска Литургија во Македонската Православна Црква “Св. Злата Мегленска” во Загреб, Хрватска. Пред почетокот на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, им донесе мошти од светиот Гаврил Епископ Велички, за голема радост на свештенослужителите и верниот народ на Македонската Православна Црква во Загреб, Хрватска.

