Прославен празникот на преподобната маченичка Параскева (Петка) Римјанка во Штип
На 08.08.2024 година, кога го прославуваме споменот на преподобната маченичка Параскева (Петка) Римјанка, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво, во храмот “Св. Климент Охридски и Св. Параскева – Петка” во нас. Сењак – Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

