Празнична Вечерна Богослужба во женскиот манастир Св. Спиридон – Злетово, метох на Лесновскиот Манастир
На 20.07.2024 година, во навечерието на празникот на Светиот великомаченик Прокопиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична Вечерна Богослужба во женскиот манастир “Св. Спиридон Чудотворец” во с. Злетово, метох на Лесновскиот Манастир. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

