Торжествено прославен празникот на Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден во Кочани
На 12.07.2024 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Светите Апостоли Петар и Павле – Петровден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, кој чиноначалствуваше на Божествената Литургија, Митрополитот г. Јосиф и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Јосиф одржа пригодна беседа, а потоа Архиереите го осветија новиот Крст за куполата на храмот во изградба посветен на “ Светото Благовештение” во Кочани.

