Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот Манастир и сослужување со Владиката Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка
На 28.06.2024 година во посета и поклонение на Лесновскиот Манастир, Надлежниот Епархиски Архиереј г. Иларион, срдечно го пречека Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско-кошицки г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка. А на 29.06.2024 година, оддание на Педесетница; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше со Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско-кошицки г. Георгиј, на Светата Архиерејска Литургија отслужена во Лесновскиот Манастир, а сослужуваа и свештенослужители од Брегалничката Епархија. За време на Божествената Литургија протоерејот Влатко Мирасчиев од Штип беше произведен во чин протоереј-ставрофор, односно со право на носење на Граден Крст, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а по предлог на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион. На крајот од Литургијата, Архиепископот г. Георгиј, одржа пригодна беседа.

