На Празникот Слегување на Светиот Дух врз Апостолите – Педесетница, Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм во Штип
На 23.06.2024 година, кога Светата Православна Црква го прославува големиот христијански празник Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите – Педесетница; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Божествената Литургија, Архиерејскиот Намесник на Штипското архиерејско намесништво, протоерејот Влатко Мирасчиев, по благослов од Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа. Веднаш по завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, отслужи и Вечерна Богослужба, на која беа прочитани Духовденските молитви.

