Света Архиерејска Литургија и Храмова Слава во нас.Балканска – Штип.
На 03.06.2024 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на св. рамноапостоли Цар Константин и Царица Елена, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Цар Константин и Царица Елена ” во нас. Балканска – Штип. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

