Храмова слава на манастирот Пресвета Богородица – Источен Петок, Балаклија во м.в. Добра Вода, с. Оризари – Кочани
На 10.05.2024 година,Петок од Светлата Седмица, Источен Петок – Балаклија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во манастирот “Пресвета Богородица – Источен Петок, Балаклија” во м.в. Добра Вода, с. Оризари – кочанско. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. А по завршувањето на Светата Литургија, се изврши литија околу храмот, а потоа Митрополитот изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

