Света Архиерејска Литургија во Делчево
На 08.05.2024 година, кога Светата Православна Црквата го слави споменот на Светиот Апостол и Евангелист Марко, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во чест на Неговиот именден, а сослужуваа и Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Епископот Дељадровско- илинденски г. Јоаким, Епископот Дремвитски г. Давид и Епископот Стобиски г. Јаков, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Делчево. На многаја и благаја лета Владико!

