Недела Четврта на Великиот Пост (на Свети Јован Лествичник) во Радовиш
На 14.04.2024 година, Недела Четврта на Великиот Пост (на Свети Јован Лествичник), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Радовишкото Архиерејско Намесништво, во храмот “Св. Пр. Илија” во Радовиш. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

