Храмова Слава и Света Архиерејска Литургија на Претходно Осветени Дарови во Свети Николе
На 09.04.2024 година кога се прославува споменот на Светата Лидија Македонска и на св. 3 Пречистански нмч-ци; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија на Претходно Осветени Дарови, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Православна Епархија во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

