Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир “Источен Петок – Балаклија”, Марена
На 06.04.2024 година, Сабота од Третата Недела на Великиот пост, Предпр. на Благовештение, св. свешт-мч. Партениј Цариградски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Божествена Литургија во сослужение на свештеник Серафим Алексовски во женскиот манастир “Источен Петок – Балаклија”, Марена во с. Злетово. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа.

