Во Првата Сабота од Великиот Пост (Тодорова Сабота) Света Архиерејска Литургија во Свети Николе
На 23.03.2024 година, Сабота од Првата Недела на Великиот пост (Тодорова Сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија, во храмот “Св. Николај” во Свети Николе. Пред почетокот на Божествената Литургијата во чин чтец беше произведен Никола Манев од Свети Николе. На крајот од Светата Литургија, со благослов од Митрополитот г. Иларион, протоѓаконот Кире Трајанов одржа пригодна беседа, а Митрополитот г. Иларион го благослови вареното коливо. Верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

