Заупокоена Литургија во Скопје

image

Заупокоена Литургија за помен на Архимандритот на Вааламскиот Манастир отец Методиј

На 22.01.2022 год. кога го чествуваме споменот на  Св. мч. Полиевкт; св. Евстратиј; св. Филип Московски,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во присуство на Архиепископот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и во сослужение на свештенослужители од Скопската Епархија, отслужи Заупокоена Света Архиерејска Литургија, за помен на душата на Архимандритот на Валаамскиот манастир отец Методиј, во храмот „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

По Литургијата, Архиепископот г.г. Стефан изврши шестмесечен помен за покој на душата на Архимандритот на Вааламскиот манастир отец Методиј. Вечна ја памјат Високопреподобен Отче Свети!