Освет на параклис во манастирот „Св. Вмч. Пантелејмон“ – Пантелеј
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 22 Ноември 2020
Освет на параклис во манастирот „Св. Вмч. Пантелејмон“ – Пантелеј
На 22.11.2020 год. во 24 седмица по Педесетница кога го честуваме споменот на Светиот Нектариј Егински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештеници од Кочани го освети параклисот при манастирот „Св. Вмч. Пантелејмон“ во село Пантелеј кој е посветен на
Свети Нектариј Егински и на Св. Серафим Саровски. По завршувањето на Светата Литургија, а на голема духовна радост на сите присутни верници на поклонение беше изнесена и честица од светите мошти на светиот Нектариј Егински.