Литургија на Преп. Параскева Епиватска во Јакимово

image

 

Литургија на Преп. Параскева Епиватска во Јакимово

 На 27.10.2020 година кога го чествуваме споменот на преподобната Параскева Епиватска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата, во храмот „Св. Јоаким Осоговски“ во село Јакимово – Виница отслужи Света Архиерејска Литургија 

 на која ги причести присутните верници и одржа пригодна празнична беседа. По завршувањето на Литургијата Неговото Високопреосвештенство изврши освет на камен-темелник на храм посветен на Светите апостоли Петар и Павле во село Трстија.