Чествување на Светиот Серафим Саровски во Пантелеј

image

Чествување на Светиот Серафим Саровски во Пантелеј 

На 15.01.2021 година кога го празнуваме споменот на Светиот Серафим Саровски, во параклисот при манастирот „Св. Пантелејмон“ – село Пантелеј (кочанско), кој е поветен на овој голем руски подвижник и на Светиот Нектариј Егински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници отлужи Света Архиерејска

  Литургија на која беседеше за светиот Серафим Саровски и ги причести присутните верници со Телото и Крвта на Нашиот Господ и Спасител Исус Христос. По завршувањето на Боженствената Литургија Митрополитот Иларион го благослови и пресече празничниот леб.