Преподобен Наум Охридски - село Чифлик
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 03 Јули 2020
- Посети: 1675
Преподобен Наум Охридски - село Чифлик
На 03.07.2020 година, кога го чествуваме споменот на Преподобен Наум Охридски Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештеници од епархијата, во храмот посветен на „Преподобен Наум Охридски Чудотворец“, во село Чифлик - кочанско, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража пригодна беседа.
По завршувањето на Светата Литургија Неговото Високопреосвештенство изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.