Вечерна богослужба во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село – Штип

image

Вечерна богослужба во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село – Штип

По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица, на 27.08.2020 година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село – Штип, отслужи празнична вечерна богослужба на која го благослови петолебието

и беа испеани статиите на Успението на Пресветата Богомајка. По вечерната богослужба, Неговото Високопреосвештенство присуствуваше на свечената седница во Пробиштип по повод јубилејот 65 години од постоењето на Општината, на која на Митрополитот Брегалнички господин Иларион му беше врачена награда за особен придонес, вложен труд и прекрасна соработка со Општина Пробиштип.