Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 28 Август 2020
- Посети: 2529
Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип
На 28.08.2020 год. кога го славиме големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата отслужи Света Архиерејска Литургијаво храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип. Пред почетокот на Боженствената
Литургија Неговото Високопреосвештенство го прозиведе во чин чтец богословот Христијан Моневски од Пробиштип. По причстувањето на многубројниот верен народ Неговото Високопреосвештенство одржа содржајна беседа, а по завршувањето на Литургијата го благослови и пресече празничниот леб.