Освет на храм во село Бели – кочанско
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 13 Септември 2020
- Посети: 1497
Освет на храм во село Бели – кочанско
На 13.09.2020 Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештеници од Кочанското архиерејско намесништво и во присуство на многуброен верен народ го освети храмот посветен на Преподобна Параскева Епиватска во село Бели и отслужи Света Архиерејска Литургија на која одржа
содржајна беседа на која заблагодари на црковното настојателство од село Бели за нивното несебично залагање и труд. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Брегалнички господин Иларион го благослови и пресече празничниот леб.