На Св. Апостол Лука во Виница
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 31 Октомври 2020
- Посети: 1242
На Св. Апостол Лука во Виница
На 31.10.2020 година кога го чествуваме споменот на Светиот Апостол и Евангелист Лука, во храмот посветен на овој апостол во Виница, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел и со богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички г. Иларион,
како и со повеќе јеромонаси и свештеници отслужи Света Архиерејска Литургија. На самата Литургија Неговото Блаженство одржа пригодна празнична беседа, а Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички го благослови празничниот леб. По завршувањето на Боженствената Литургија беше осветен камен-темелникот на храмот посветен на „Св. Кирил и Методиј“ во Блатец.