Храмова слава во Зрновци - кочанско

image

  Храмова слава во Зрновци - кочанско

На 08.11.2020 година кога го чествуваме споменот на Светиот великомаченик Димитриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархија, во храмот „Св. Вмч. Димитриј“ во Зрновци, чиј што заштитник и патрон е денешниот светител, отслужи Света Архиерејска Златоустова Литургија. По завршувањето на Литургијата 

Неговото Високопреосвештенство го благослови и пресече празничниот леб. Помеѓу многубројниот верен народ беше и градоначалникот на Оштина Зрновци г-дин Блаже Станков кој на Митрополитот Иларион и на старешината при храмот протоереј Лазар Коцев им подари уметнички слики со мотиви од храмот „Св. Вмч. Димитриј“ во село Зрновци.