Именден на богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички господин Иларион
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 03 Ноември 2020
- Посети: 1383
Именден на богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички господин Иларион
На 03.11.2020 година кога го чествуваме споменот на Преп. Иларион Велики, Св. Иларион Мегленски и Преп. Филотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници отслужи Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир.
Од името на целото свештенство, ѓаконство, монашките братства и сестринства, како и од верниот народ и духовните чеда, на богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички господин Иларион му го честитаме именденот со молитви кон Троединиот Бог да му дарува долгоденствие, телесно здравје и мудрост уште многу лета да раководи со од Бога доверената му епархија.
На многаја и благаја лета Владико свети!