Литургија, освет на нова крстилница и Крст во Истибања

image

 Литургија, освет на нова крстилница и Крст во Истибања 

На 15.11.2020 год. 23 седмица по Педесетница Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Кочанското Архиерејско намесништво во храмот „Св. Првомаченик и Архиѓакон Стефан“ отслужи Света Архиерејска Литургија. По завршувањето на Литургијата Неговото Високопреосвештенство

  го благослови празничниот леб и ја освети новата крстилница при храмот. По ова, на огромна радост на сите жители во Истибања, на местото викано Тунко го освети и металниот Крст. По завршувањето на осветот од страна на фолклорното друштво „Китка“ од Истибања на Митрополитот Иларион му беше врачена благодарница.