Монашење и производство во игумански чин во манастирот „Св. Спиридон“

image

Монашење и производство во игумански чин во манастирот „Св. Спиридон“

На 25.12.2020 година кога го чествуваме споменот на Светиот Спиридон Чудотворец, кој е заштитник и патрон на истоимениот женски манастир во Злетово, метох на Лесновската обител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници отслужи Света Архиерејска  

Литургија. Пред  Литургијата Неговото Високопреосвештенство благоизволи во монашки чин да ја потстриже искушеничката ёмилка давајќи и го името Матрона, а на самата Литургија највозрасната сестра Серафима беше произведена за игуманија на манастирот. Исто така надлежниот ни Митрополит одржа пофално слово за чудота од Светиот Спиридони го благослови праничниот леб.                                             

 

Нека новите чинови на сестрите им бидат за радост на ангелите и пораз на демоните!