Божествена Литургија по повод споменот на Светиот Гаврил, епископот Велички

image

Божествена Литургија по повод споменот на Светиот Гаврил, епископот Велички 

На 12.01.2021 год. по повод чествувањето на споменот на Светиот Епископ Велички и новиот Лесновски чудотворец Гаврил Светогорец, во Лесновскиот манастир Неговото Високопреосвештентво Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија. 

 Пред почетокот на Светата Литургија Митрополиот Иларион благоизволи во чин чтец да ги прозиведе членовите на хорот при Лесновскиот манастир „Св. Гаврил Епископ Велички“. На боженствената Литургија митрополитот беседеша за значењето на Рождеството Христово како и за величината на Светиот Епископ Гаврил, по што го благослови и пресече празничниот леб.