Oсвет на камен – темелник за нов храм во село Бели

image

 

Oсвет на камен – темелник за нов храм во село Бели

На 28.03.2021 година, во втората недела од Великиот пост која е посветена на Св. Григориј Палама, кога го чествуваме споменот на Св. Мч. Агапиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници го изврши чинот на освет на камен темелник на новата 

црква која е посветена на Вознесението Христово и се гради на темелите на стариот храм. На овој свечен чин беше присутен многуброен народ меѓу кој беше и градоначалникот на Општина Кочани господин Николчо Илијев. Храмот се гради со средства од локалното население и со подршка од повеќе фирми.