НЕКРОЛОГ

image
НЕКРОЛОГ
 
 
Со огромна тага Ве известуваме дека на 30.03.2021 година во раните утрински часови во Христос се упокои протоереј ставрофор Бранко Богданов. Отец Бранко е роден на 03.11.1961 год. во Блатец каде што го завршува и основното образование. Во 1976 се запишува во МПБ Св. Климент
Охридски во Скопје, а во свештенички чин е ракоположен во 1984 год. Во својата пастирска кариера служи во Кончевската,  Воиславско-ињевската и Блатечката парохија, а својот пастирки подвиг го завршува како парох во Виница и старешина при храмот Св. Арх. Михаил. 
Нека троединиот Бог се смилува над неговата душа и да го награди неговиот подвиг, скромноста и верата и да го всели во рајските предели и како што Му служеше и благодареше на Бога во земната црква така и со ангелите и светитителите да продолжи во Небесната.
Вечен спомен и Царство небесно!